Османи – Ринкевич: Северна Македонија останува посветена на реформската агенда за напречен тек на пристапните преговори со ЕУ

Шефот на дипломатијата Бујар Османи, на маргините на 77-то Генерално собрание на Обединетите нации, во Њујорк, одржа билатерална средба со својот хомолог, министерот за надворешни работи на Република Латвија, Едгар Ринкевич на која разговарале за иднината на процесот за проширување на Европската Унија во светло на отпочнатите преговори со Република Северна Македонија.

-Заблагодарувајќи се за принципиелната поддршка од Република Латвија на нашиот евро-интегративен пат, министерот Османи информира дека Северна Македонија останува посветена на реформската агенда за напречен тек на пристапните преговори со Европската Унија, се наведува во соопштението од МНР.

Двајцата соговорници, се додава, разменија мислења за продлабочување на партнерските односи во рамки на НАТО, со посебен акцент на последиците врз Европа предизвикани од руската агресија врз Украина, како и за улогата на балтичките земји да го зајакнат овој дел на Алијансата.

Беа разменети и мислења околу идното претседавање на Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година, како и актуелни прашања од доменот на надворешната и безбедносна политика, стои во соопштението.

Read Previous

Шојгу: 300.000 резервисти ќе бидат мобилизирани за да се борат во Украина

Read Next

Еден осомничен за посредување во вршење проституција на малолетна девојка од Кавадарци