ноември 22, 2024

Во Изјум, Украина пронајдена масовна гробница со над 440 тела 

Во североисточниот украински град Изјум, што пред неколку дена беше повторно ослободен, украинските власти пронајдоа масовна гробница со повеќе од 440 тела, изјави синоќа полициски претставник, додавајќи дека дел од луѓето биле убиени од гранатирање и воздушни напади.

Во текот на изминатиот викенд под налетот на украинската војска Изјум го напуштија илјадници руски војници, откако претходно го имаа окупирано и го претворија во логистички центар за регионот Харков. Тие зад себе оставија големо количество муниција и опрема.

Главниот полициски истражител за регионот Харков, Серхи Болвинов, изјави за Скај њуз дека ќе биде спроведена форензичка истрага за секое тело.

-Можам да кажам дека тоа е еден од најголемите гробници во голем град во ослободените подрачја… На едно место беа закопани 440 тела, рече Болвинов.

Некои биле убиени од артилериски оган, а некои од воздушните напади, додаде тој.

Британските медиуми не можат веднаш да ги потврди украинските наводи, а засега нема ниту коментар од Русија.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој пред два дена дојде во ненајавена посета на Изјум за да ги поздрави украинските војници, ја обвини Русија и го спореди откривањето на гробот со она што се случи во Буча, предградието на Киев, на почетокот на инвазијата на руските сили на крајот на февруари.

Read Previous

Бимилк и УСАИД со заеднички проект за модернизација на малите и средни фарми 

Read Next

Пендаровски: Наш приоритет треба да биде вложувањето во животната средина