ноември 23, 2024

Маричиќ: Балканот е отворен!

-Отворени сме за соработка, развој, напредок и градење нови пријателства кои сигурно обезбедуваат просперитет за граѓаните и водат кон Европската Унија, порачува вицепремиерот Бојан Маричиќ.

Како што вели тој, автентичноста на нашите производи произведени од македонските земјоделци, претставени на првиот меѓународен саем „Винска Визија на Отворен Балкан“ во Белград, ја отсликуваат нашата традиција и култура.

-Поради тоа се препознатливи и единствени во регионот, а тоа ги прави конкурентни и барани не само на регионалните, туку и на светските пазари. Зајакнувањето на регионалната соработка за која Владата активно се залага е во корист на уште поголемо интегрирање на македонскиот пазар во регионот и побрз пристап на европскиот пазар. На овој начин ја зајакнуваме домашната економија и овозможуваме развој и просперитет на нашето стопанство, вели Маричиќ.

„Отворен Балкан“ почна денеска со меѓународен саем на вина, каде што се изложени и вина од македонски производители.

Read Previous

Бектеши: Со мотото „Вкуси го животот“ Северна Македонија во Белград ја претставува својата традиција

Read Next

МФ: Пoлитичките партии дел од јавната дебата за даночната реформа – Инклузивноста создава одржливи решенија