ноември 23, 2024

Го тужеа за воени злосторства, но по неколку дена почина

Почина поранешниот генерал на српската војска Божидар Делиќ, неколку дена откако беше назначен за потпретседател на Собранието на Србија.

Делиќ почина по тешка болест од која боледувал. Служел во српската војска во текот на целата војна на Косово и беше осомничен за воени злосторства.

Како што пред неколку денови изјави директорот на Фондот за хуманитарни права на Косово, Беким Блакај, бригадата што ја предводел Делиќ е осомничена дека е одговорна за убиството на 2.000 цивили во општините Сухарека, Ораховец и Ѓаковица. Потоа Фондот поднесе пријава против Делиќ и уште 10 други лица.

Read Previous

Ако ви е бавен Wi-Fi: Проверете ги овие работи

Read Next

ТУИ ервејс најавува лет на релацијата Манчестер – Охрид