ноември 22, 2024

Пуиг: На Чави не сакам ни името да му го споменам

Играчот од средниот ред Рики Пуиг, ја напушти Барселона и се реши кариерата да ја продолжи во МЛС Лигата во дресот на ЛА Галакси.

„Последниот месец во Барселона беше тежок за мене. Бев изоставен од списокот за турнејата во САД и тоа никогаш претходно не сум го доживеал. Тоа многу ме погоди“, рече Пуиг.

Посебно се сврте кон челниците на клубот и кон тренерот Чави.

„За нив немам ништо да кажам и не сакам да ги споменам. Никогаш во животот не ме разочарал толку колку што ме разочара Чави и Барселона“, рече 23-годишниот Пуиг.

Read Previous

Што се случува во телото доколку јадете сладолед секој ден?

Read Next

Научниците открија во која положба на телото таблетaта најбрзо се апсорбира