ноември 22, 2024

Американскиот Сенат го поддржа нацрт-законот за поттикнување на производството на микрочипови

Сенатот на САД го поддржа нацрт-законот за субвенционирање на производството на полупроводници, надевајќи се дека тоа ќе ја зајакне конкурентноста на американските компании во однос на Кина.

Предлогот доаѓа во време кога економијата на САД се соочува со постојан недостиг на микрочипови, што влијае на широк опсег на производствени сектори, од автомобилската индустрија и индустријата за оружје до производството на машини за перење и видеоигри.

Долгоочекуваниот нацрт-закон се очекува да биде изгласан денеска во Претставничкиот дом, откако беше поддржан од Сенатот со 64 гласови од двете партии. Доколку Долниот исто така го усвои предлогот, претседателот Џо Бајден најверојатно ќе го потпише на почетокот на следната недела и тој официјално ќе стапи во сила.

Нацрт-законот обезбедува околу 52 милијарди долари владини субвенции за производство на полупроводници, како и 24 милијарди долари во кредити за инвестиции за фабриките за микрочипови.

Предвидено е да бидат одвоени повеќе од 170 милијарди долари во следните пет години за поддршка на американските истражувања за зголемување на конкурентноста на земјата наспроти Кина.

Read Previous

„Си-Ен-Ен“: Стејт департментот на Москва и понудил размена на затвореници

Read Next

Според извештај на Администрацијата на Бајден, во Украина досега убиени или ранети над 75 илјади руски војници