ноември 22, 2024

„Си-Ен-Ен“: Стејт департментот на Москва и понудил размена на затвореници

По неколкумесечна внатрешна дебата, Администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден понудил размена на Виктор Бут, осуден руски трговец со оружје кој отслужува 25-годишна затворска казна во САД, за американската кошаркарка Бритни Гринер и маринецот Пол Вилан кои се затворени во Русија, jави „Си-Ен-Ен“.

Државниот секретар Ентони Блинкен соопшти дека САД пред неколку седмици упатиле „значаен предлог“ до Москва за размена на Вилан и Гринер, кои според Вашингтон се „незаконски притворени“ во Русија.

Блинкен на прес-конференција во Стејт Департментот појасни дека претседателот Бајден е „директно вклучен“, како и оти го потпишал предлогот за размена.

Поддршката на Бајден за размена е посилна од спротивставувањата на Министерството за правда што генерално е против трговијата со затвореници.

Read Previous

Британски советник: Светот беше побезбеден за време на Студената војна

Read Next

Американскиот Сенат го поддржа нацрт-законот за поттикнување на производството на микрочипови