ноември 24, 2024

Украинските сили погодиле клучен мост што е под контрола на Русија

Украинските сили го погодиле клучниот мост што е под контрола на Русија во окупираниот јужен град Херсон. Според извештаите, имало 18 експлозии на мостот Антонивски, една од главните рути за снабдување на руските сили. Мостот бил под постојан напад од минатата недела, додека украинските сили се обидувале да пресечат неколку правци што Русија може да ги користи за да транспортира тешко оружје во и околу Керсон. Во меѓувреме, сепаратистите поддржани од Москва тврдат дека ја контролираат втората по големина електрана за јаглен во Украина, која се наоѓа во источниот регион Доњецк..

Генералштабот на Украина во дневниот извештај не ја спомена електраната, но потенцира за жестоки борби во регионите Одеса и Миколаев кои наскоро ќе бидат „ослободени“ од руските сили. Украинската армија, исто така соопшти дека соборила руско беспилотно летало и дека врши напади на радарската станица во регионот на Миколаев. Како резултат на руските бомбардирања во последните 24 часа, најмалку тројца цивили загинаа, а уште осум се повредени, соопшти кабинетот на украинскиот претседател. Инвазијата врз Украина трае од 24 февруари. Рускиот претседател Владимир Путин војната ја нарекува „специјална воена операција“ за демилитаризација на Украина. Западот и одговори на Русија, удирајќи по економијата на оваа земја со остри санкции.

Read Previous

Бабовски: Засилени мерките против африканската свинска чума по потврдениот нов случај во Моштица

Read Next

Теми и разговори кои не се за пред детските очи и уши