ноември 22, 2024

ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност од Филипче за случајот со болницата „Жан Митрев“

Македонија доколку беше правна држава уште вчера ќе беше приведен Венко Филипче за скандалот  „нечиста крв“. Додуша Филипче беше дел и од скандалот со „крвавите тендери со реагенси“, фантомските набавки на вакцини, и мал милион други коруптивни скандали, па гледаме дека надлежните не мрднуваат ни со прст.

За конкретниот скандал кој ја бранува јавноста, одговорноста на Филипче е дека не превземал никакви мерки да ги заштити граѓаните и нивното здравје од непроверени методи. Како што информираат медиумите тој како министер за здравство знаел и ништо не превземал, туку напротив на еден или на друг начин ја промовираше здравствената институција.

Овде се работи за целосно затајување на системот. Како што дознаваме од медиумите Филипче и институциите дозволиле да се применува метода на лечење која ниту домашните, ниту странски институции не ја признавале и дозволувале.

Јавното обвинителство треба да ја прошири истрагата и да утврди дали Филипче свесно го овозможувал ова? Дали и какви финансиски бенефити имал Филипче од овој скандал? Зошто Филипче и покрај предупредувањата на одредени медицински авторитети дозволил некој на грбот на народот да спроведува скапи третмани за кои сега дознаваме дека не биле научно потврдени.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Read Previous

Иднината на Владата на единство на Драги треба да биде решена денеска

Read Next

Бугарските медиуми за стартот на преговорите на Северна Македонија и Албанија со ЕУ