Во Албанија брачните другари кои со меѓусебно разбирање одлучиле да ја прекинат брачната заедница може да се разведат на нотар.
На овој начин, како што наведува нотарката Елона Салијај, ќе се намали бројот на натрупани предмети за развод во судовите и оти сега со избегнување на судовите оние кои веќе се договориле за развод тоа ќе го направат без одлагање.
-Вакви практики има во повеќе држави, кај нашиот сосед Грција, потоа во Франција, Шпанија, Летонија, Романија и Естонија. Значи има земји кои веќе имаат дефинирано раскинување на бракот со заемна согласност кај нотар и ги забрзуваат соодветните процедури. Тоа е потреба на времето, тоа е олеснување за граѓаните, додава Салијај.
Со овој акт на спогодба што се потпишува кај нотарот, кој потоа се доставува до судот и истиот го одобрува, поранешните партнери ја детализираат родителската одговорност, средбите со децата според неделен и годишен календар, но и други обврски што тие ги преземаат по своја волја.
-Во Република Албанија има околу 7.000 разводи, каде што се подразбира дека повеќето од нив се со заедничка согласност или со целосна волја на двајцата сопружници. Се подразбира дека има дополнителен трошок за нив бидејќи сопружниците не можат да одат на сите рочишта за развод и тие назначуваат адвокати, што значи трошоци. Дефинираат посебно полномошно, прават нацрт-договор, па чекаат денови и месеци, што приблжно може да биде три месеци или година, посочува нотарката.
Од оваа постапка се исклучени оние парови кои се разделуваат со кавги и недоразбирања околу децата и имотот.