ноември 24, 2024

Северна Кореја најавува засилување на воените способности

Северна Кореја ги критикуваше САД, Јужна Кореја и Јапонија за притисок врз Пјонгјанг и засилувањето на нивната трилатерална воена соработка против земјата, предупредувајќи дека тоа укажува на зајакнување на севернокорејските воени способности.

Северна Кореја долго време наведува дека непријателството на САД и нивните сојузници е причина за работата врз нуклеарната програма, пренесуваат американските медиуми.

Соседите на Северна Кореја предупредуваат дека Пјонгјанг е подготвен да ја изврши првата нуклеарна проба во последните пет години, како дел од провокативните активности и воените тестови.

„Ситуацијата бара итно зајакнување на одбранбените капацитети на земјата за активно справување со забрзаното влошување на безбедносната состојба на Корејскиот полуостров и на остатокот од светот“, се наведува во соопштението на севернокорејското Министерство за надворешни работи.

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун неодамна, по состанокот со највисоките воени претставници, нареди зајакнување на одбранбените капацитети на земјата.

Read Previous

Протести во Акрон поради убиство на Афроамериканец од страна на полицијата

Read Next

Како положбата на перките на ајкулата откриваaт дали таа е подготвена за напад?