ноември 24, 2024

Премиерот на Косово, Албин Курти го одби Ковачевски

Косовскиот премиер Албин Курти доби покана од премиерот на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски за учество на самитот на иницијативата „Отворен Балкан“ што се очекува да се одржи во Охрид на 7-ми и 8-ми јуни, 2022 година.

Курти на поканата на премиерот Ковачевски одговори со писмо, во кое тој напиша дека Косово е активно вклучено во Берлинскиот процес, кој опфаќа многу регионални иницијативи, вклучително и Заедничкиот регионален пазар (ЦРМ), кој беше одобрен од шесте земји од Западен Балкан, а на самитот во Софија во 2020 година беше целосно поддржан и од Европската Унија.

„Двете наши земји споделуваат заеднички вредности и заеднички аспирации за влез во Европската унија. Ние, исто така, споделуваме заедничко верување во слободата, демократијата, правдата и почитувањето на човековите и граѓанските права, слободните медиуми и слободата на мислата и политичко опкружување каде опозицијата не молчи, туку напредува и може да победи на следните избори, пишува Курти во своето писмо според соопштението на Владата.

Три земји од Западен Балкан, Албанија, Северна Македонија и Србија се дел од Отворениот Балкан, додека Косово, Босна и Херцеговина и досега Црна Гора го отфрлија.

Read Previous

Сто дена војна во Украина!

Read Next

Работата на компјутер e физички предизвик за телото