септември 22, 2024

Пронајдени 14 тела по авионската несреќа во Непал

Пронајдени се остатоците од авионот кој неодамна исчезна во планините на Непал, соопштија надлежните. Авионот превезувал 22 патника и членови на екипаж. До сега пронајдени се само 14 тела, а потрагата по останатите и натаму трае.

Надлежните велат дека временските услови се многу лоши и дека на терен е само една екипа, а тоа е првата која пристигнала вчера. Според надлежните поради лошите временски услови и недостапноста на локацијата не можаат да се донесат повеќе спасувачи на терен со хеликоптери.

Read Previous

Нема повредени во пожарот во Тетово, но полицијата со апел до граѓаните

Read Next

Проблеми во Уставен суд, државниот врв на средба со Кацарска