ноември 22, 2024

Руските сили се обидуваат да го завземат Азовстал

Советникот на градоначалникот на Мариупол, Петро Андрјушченко изјави дека руските сили утринава се обидуваат да навлезат на територијата на фабриката Азовстал во тој град.

Андрјушченко рече дека руските сили, додека трае гранатирањето, се обидуваат да се пробијат до централниот дел на фабриката.

Генералштабот на вооружените сили на Украина утринава соопшти дека Русија ги продолжила артилериските и воздушните напади врз Мариупол и дека главните напори се уште се концентрирани на блокирање на украинските војници во областа на фабриката Азовстал.

Read Previous

Зеленски: На сите им е јасно дека Русија претрпе стратешки пораз!

Read Next

Спасеновски: Одлуката на Вселенската патријаршија претставува еден од поважните датуми во најновата македонска историја