ноември 23, 2024

Стејт департментот го осуди убиството на новинарката на Ал Џезеира, Ширен Абу Аклех 

Стејт департментот го осуди убиството на палестинската новинарка Ширен Абу Аклех што вчера се случи за врема на упад на изреалската војска во Западниот Брег и повика на исцрпна и продлабочена истрага, а извршителите да бидат повикани на одговорност. 

-Важно е за нас и важно е за светот таа истрага да биде исцрпна, продлабочена и транспарентна, и извршителите да бидат повикани на целосна одговорност, изјави синоќа портпаролот Нед Прајс. 

Тој ги повика израеалските власти да извршат истрага за повикување на одговорност на сторителите. 

-Израелските власти ги имаат неопходните средства и способност да го направат тоа, изјави тој.   Ширен Абу Аклех беше американско-палестинска репортерка која 25 години работеше за ТВ каналот на арапски јазик Ал Џезеира. 

Read Previous

Бајден: Инфлацијата во САД е неприфатливо висока

Read Next

НАСА: Односите меѓу американските и руските екипажи на Меѓународната вселенска станица останаа исти