ноември 23, 2024

Маск: Твитер наскоро нема да биде бесплатен за некои корисници

„Наскоро Твитер можеби нема да биде бесплатен за одредени корисници“, напиша на социјалните мрежи неговиот иден сопственик, милијардерот Илон Маск.

Бизнисменот може да воведе „мал хонорар“ за фирми и владини функционери.

За обичните корисници Твитер ќе остане бесплатен, ветува Маск.

Засега социјалната мрежа нема коментар на темата.

Аквизицијата на Маск од 44 милијарди долари се очекува да биде затворена кон крајот на оваа година.

Претприемачот веќе најави дека сака да ги укине ограничувањата против говорот на омраза, бидејќи смета дека тие ја ограничуваат слободата на говорот.

Read Previous

Бејзбол-топче потпишано од Зеленски ставено на наддавање

Read Next

Руските сили ја интензивираат офанзивата во источна Украина