ноември 23, 2024

ЕП ќе расправа за справување со економските и социјалните последици од војната во Украина

Пратениците во Европскиот парламент денеска ќе расправаат за тоа како да се справат со социјалните и економските последици за ЕУ од руската војна во Украина и како да се зајакне капацитетот на дејствување на ЕУ во врска со тоа. Во оваа дебата со претставниците на Европскиот совет и Европската комисија, европратениците се очекува да подвлечат дека војната и санкциите наметнати од ЕУ против Русија по нејзината инвазија врз Украина неизбежно ќе предизвикаат негативни ефекти врз економијата на ЕУ.

Тие, како што е најавено, ќе ја повикаат Европската комисија да предложи мерки за ублажување на економските и социјалните последици од санкциите. Резолуцијата ќе биде ставена на гласање на пленарната седница на Европскиот парламент на сесијата од 18 до 19 мај.

Read Previous

Нема да биде лесно, но мора да го направиме тоа, Урсула фон дер Лајен предлага целосна забрана за руска нафта

Read Next

Радев: Со внесувањето на Бугарите во Уставот ќе значи дека Северна Македонија ја прифаќа европската идеја