ноември 22, 2024

Штрајкот на СОНК ставен во мирување, децата од утре во училиште

Синдикатот за образование, наука и култура го става штрајкот во мирување, а учениците од утре почнуваат со настава. Причина за ваквата одлука на СОНК е добиеното известување од Министерството за труд и социјална политика за мирно решевање на работните спорови.

Претседателот на СОНК, Јаким Неделков попладнево изјави дека по направените консултации со правни лица, донесена е одлука да се стави штрајкот во мирување додека трае решавањето на спорот.

„Советот на СОНК и СОНК се легалисти и се за почитување на законите, од таа причина дел од одредбите водат кон тоа дека додека траат периодот на помирување и решавање на спорот меѓу двата спротиставени таботи, доколку се работи за штрајк истиот оди во мирување“, истакна Неделков.

Тој додаде дека ако нема решение, штрајкот повторно ќе стане активен.

Read Previous

Ковачевски до Мицкоски: Уцени не не прифаќам, уште помалку реагирам на закани

Read Next

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да и помогне на Владата