ноември 23, 2024

Израелскиот премиер Бенет доби смртна закана, полицијата го истражува случајот

Израелската полиција денеска соопшти дека започнала истрага по упатената смртна закана за премиерот Нафтали Бенет.

Полицијата соопшти дека до семејството на премиерот било испратено писмо со закана за смрт, а во писмото имало и куршум.

Истрагата ја отвори Одделот за специјални криминали и Агенцијата за внатрешна безбедност Шин Бет.

Други детали не се соопштени, додека од кабинетот на Бенет информираа дека семејството на премиерот добило зголемено обезбедување.

Read Previous

Ковачевски: Проширувањето на ЕУ ќе ја зголеми безбедноста и ќе ја консолидира демократијата

Read Next

Русија ја прекинува испораката на гас за Полска