ноември 22, 2024

Ковачевски: Славење на личност која е сработник на Хитлерова Германија не е ништо друго освен провокација

Премиерот Димитар Ковачевски денеска во изјава за медиумите рече дека настанот што се случи во Битола е провокација и додаде дека славење на личност соработник на хителрова Германија не може да се придонесе за пријателство меѓу двата народи.

„Во однос на настанат кој се случи во саботата тој настан претставува ништо повеќе од провокација бидејќи ги буди духовите од минатото, бидејќи се работи за личност која што била соработник и на Хитлерова Германија и на мусолинова Италија и на Павелиќ и со тоа воопшто не може да придонесе како личност која што е мост за иднината за пријателство меѓу двата народи и како мост за европскиот пат на државата. Овој настан може да претставува единствено провокација која што не оди во насока на подобрување на односите и во финализирање на еден успешен дијалог со постигнување на договор “, рече Ковачевски.

Read Previous

Кои делови од телото се најболни за тетовирање?

Read Next

Ковачевски: СОНК ги довел во заблуда наставниците