ноември 23, 2024

Борел: ЕУ ќе ја зголеми воената помош за Украина

Високиот претставник на Европска Унија за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел изјави дека ЕУ бара начини за зголемување на воената помош за Украина.

Тој пред средбата на министрите за надворешни работи на ЕУ во Луксембург повтори дека „војните се добиваат или се губат на бојното поле“ и оти војната во Украина „мора да се добие на бојното поле“.

Борел наведе дека на средбата во Луксембург ќе се разговара за зголемување на помошта за Украина. Тој наведе и дека повторно е отворена Мисијата на ЕУ во Киев.

Read Previous

Анкета на Ипсос: Во вториот круг Макрон би добил 54 наспроти 46 отсто гласови за Марин Ле Пен

Read Next

Три години затвор за обвинетиот за сообраќајката кај „Сити мол“