мај 15, 2024

Тајмс: Финска и Шведска најверојатно летово ќе му се приклучат на НАТО

Лондонскиот весник „Тајмс“ објави дека Финска и Шведска се чини дека ќе се приклучат на НАТО уште ова лето, пренесе ДПА.

Русија направи „голем стратешки гаф“, пишува весникот, цитирајќи американски официјални претставници.

Официјалните претставници додадоа дека членството во НАТО за двете земји беше „тема на разговор и повеќекратни сесии“ за време на разговорите меѓу министрите за надворешни работи на Алијансата минатата недела. ДПА го пренесува весникот во наводите дека на разговорите присуствуваа и претставници од Шведска и Финска, додава весникот.

Read Previous

Израелската армија уби две Палестинки во Западен Брег

Read Next

Чеченскиот лидер Кадиров вели дека Русија има за цел да го заземе Киев