Освен Србија, со дополнителни количини на пченица ќе не снабдува и Бугарија. Ова го соопшти министерот за земјоделство Љупчо Николовски преку социјалните мрежи.
-Доцна вечерва би сакал да ја соопштам и оваа позитивна вест директно од овде, од Берлин.
Со мојот колега, министерот за земјоделие на Република Бугарија, Иван Иванов, договоривме дека од Република Бугарија ќе обезбедиме дополнителни количества на пченица.
Заедно со нашите соседи на ваков начин градиме вистинско добрососедство и сплотени многу полесно ќе ја пребродиме и ќе се справиме со постоечката криза, напиша Николовски.