ноември 23, 2024

Атовска: Во Украина досега загинаа 14 новинари

Животот во Киев полека се враќа во нормала иако во градот работат само продавници за основните намирници, вели новинарката Кристина Атовска, којашто моментално е на теренот во Украина. Во своето вечерашно вклучување во „Емисија 200“, говорејќи за состојбите во украинската престолнина таа меѓу другото рече:

„Во Киев животот полека се враќа во нормала, колку што може да се врати. Работат само супермаркети. Некои луѓе веќе почнаа да се враќаат назад и работат единствено улични кафетерии или улична храна. Тоа значи дека не постои место во градот каде што можете да влезете и да седнете. Ако не сте сместени во хотел, не можете да влезете ниту во хотел и да седнете во ресторанот…загинаа многу наши колеги, досега се 14 на број“, вели Атовска.

Read Previous

Во Косово државен почит за жртвите од масакрот во Резала

Read Next

Лавров: Лагите за Буча служат за саботирање на преговорите