септември 22, 2024

Ковачевски: Минималната плата од 18.000 денари е реалност

Минималната плата од 18.000 денари е реалност, но уште поважно е што таа континуирано ќе расте без потреба од дополнителни интервенции. Сега, со две минимални плати синдикалната кошничка е покриена, нешто што не беше случај во 2016, кога беа потребни повеќе од 4 минимални плати за да се покрие една кошничка, напиша денеска премиерот Димитар Ковачевски на „Фејсбук“.

Ковачевски порачува дека заштитата на животниот стандард останува еден од највисоките приоритети на Владата и оти со динамично темпо се исполнуваат ветувањата во година на  продлабочена економска криза.

Од овој месец почнува исплатата на зголемената минимална плата од 18.000 денари. Договорот за зголемување на минималната плата беше постигнат во февруари по неколкудневни преговори меѓу синдикатите, работодавачите и Владата.

Read Previous

Вечерва е жрепката за СП во Катар

Read Next

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски и Османи да кажат кој е напредокот поради кој Бугарија се радува, а Македонија молчи?!