Инвазијата на рускиот претседател „веќе е неуспешна“, бидејќи тој ја потцени „силата на отпорот“ во Украина, изјави британскиот премиер Борис Џонсон за Би-Би-Си.
Тој ги обвини и европските земји, затоа што „повторно го третираа Путин како дел од заедницата“, по неговото анектирање на Крим во 2014 година.
Џонсон ова го изјави при посетата на Саудиска Арабија, каде разговара за енергетската безбедност.
Според британскиот премиер, Западот треба да обезбеди „никогаш повеќе да не биде ранлив на уцените на Путин“, особено кога станува збор за рускиот гас и нафта.
Џонсон за Би-Би-Си изјави и дека Путин „мора да се повлече“. – Тој мора да ја затвори оваа работа. Да си ги земе назад своите тенкови и оклопот. И мора да има нешто како решение, што ќе ја почитува желбата на украинскиот народ, подвлече премиерот.