ноември 23, 2024

Најмалку четворица загинати и околу 200 повредени во земјотресот во Јапонија

Најмалку четири лица загинаа во силниот земјотрес, што вчера го погоди источниот дел на Јапонија, јави Си-Ен-Ен.

Во земјотресот со интензитет од 7,4 степени според Рихтеровата скала, повредени се речиси 200 лица, јави ДПА. Претходно, земјотресот беше категоризиран со интензитет од 7,3 степени.

Во погоденото подрачје се наоѓа и нуклеарната централа Фукушима Даичи, што беше погодена од цунамито во 2011 година, настан што сè уште е тежок за Јапонија и остави голем дел од регионот, до ден-денес, напуштен. Земјотресот остави милион домаќинства без електрична енергија. Според дистрибутерот на електрична енергија, снабдувањето сега е во ред.

Read Previous

„Мета“ отстрани лажно видео каде Зеленски повикува на капитулација

Read Next

Ослободен градоначалникот на Мелитопол, разменет за деветмина руски војници