ноември 24, 2024

СБ на ОН денеска ќе одржи итна седница, посветена на хуманитарната криза во Украина

Security Council meeting on The situation in Libya. Report of the Secretary-General on the United Nations Support in Libya (S/2016/452)

За денеска е закажана итна седница на Советот за безбедност на Обединетите нации за да се договорат потезите поврзани со растечката хуманитарна криза во Украина.

САД, Велика Британија, Франција, Ирска, Норвешка и Албанија побараа итен состанок, соопштија дипломатски извори, поттикнати од интензивното гранатирање кое го вршат руските сили во станбените области на украинските градови во последните денови.

САД, Велика Британија и Франција се постојани членки на Советот, заедно со Русија и Кина. Најавено е дека се водат разговори за да му се овозможи на украинскиот претседател Володимир Зеленски да зборува пред Генералното собрание на Обединетите нации, во кое свои претставници имаат сите земји-членки.

Read Previous

Најмалку едно лице загина, а три се повредени во пад на проектил во Киев

Read Next

Зеленски: Русија стана терористичка држава