Градоначалничката на Град Скопје Арсовска се сретна со претседателот на Сојузот на турски невладини организации во Македонија (МАТУСИТЕБ) заедно со делегацијата што го придружуваше.
Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска на својот профил на социјалните мрежи сподели дека со претседателот на МАТУСИТЕБ Хусрев Емин и извршниот директор Мехмед Ариф разговарале за билатералната поддршка и можности за соработка, како и за интензивирање на инвестициите од Турција во скопскиот регион.
„Писателката Лејла Шериф Емин, добитничка на годишна книжевна награда за книгата мост меѓу националностите, со посвета на градот ми подари дел од своите збирки поезија во кои главна тема секогаш е нашето Скопје”, напиша Арсовска.
Во соопштението дадено од МАТУСИТЕБ во врска со средбата се вели: „На 11 март, делегацијата на МАТУСИТЕБ составена од нашиот претседател Хусрев Емин, нашиот извршен директор Мехмед Ариф и познатата скопска поетеса и писателка Лејла Шериф Емин, се сретнаа со градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска. При посетата во кабинетот на градоначалничката, нашиот претседател Хусрев Емин и се заблагодари на г-ѓа Данела Арсовска и посака успех“, се вели во соопштението.
Во соопштението, „На средбата, меѓу другото, се разговараше за можностите за соработка во областа на културата и уметноста. Нашиот претседател Хусрев Емин и подари рачно изработен порцелански подарок со турски мотиви, а поетесата и писателка г-ѓа Лејла Шериф Емин и потпиша и подари од последните издадени книги.” – се вели во соопштението.