мај 19, 2024

Манчестер Сити со нерешен резултат обезбеди четвртфинале

Манчестер Сити обезбеди пласман во четвртфиналето од Лигата на шампионите, елиминирајќи го Спортинг. Иако вториот меч заврши без голови, Ман. Сити се квалификуваше благодарение на првиот натпревар кој го добија со резултат 0:5.

Сити доминираше од секој аспект на реваншот на „Етихад“, но никако не успеаа да реализираа одличните шанси. Габриел Жесус погоди две минути по почетокот на вториот дел, но по прегледувањето на ВАР, се покажа дека е во офсајд позиција.

Во меѓувреме и Спортинг неколку пати ризикуваше, но не ги реализираше неколкуте можности.

Така Сити оди во четвртфиналето, а противникот ќе го дознае на 18 март, за кога е закажана ждрепката.

Read Previous

Кевин Магнусен повторно се враќа во Формула 1

Read Next

„Бетмен“ заработи 128,5 милиони долари за еден викенд во Северна Америка