ноември 25, 2024

СЗО – Русија нападна 18 медицински установи од почетокот на инвазијата во Украина

Русија нападна 18 медицински установи од почетокот на инвазијата на Украина пред две недела, соопшти Светската здравствена организација (СЗО). Соопштението на СЗО уследи откако во руски воздушен напад беше уништено породилиште во опколеното црноморско пристаниште Мариупол.

Нападот во Мариупол дојде во време додека десетици илјади украински цивили се обидуваат да ги напуштат областите кои се под постојано руско бомбардирање.

Украинските власти соопштија дека во нападот биле ранети најмалку 17 лица. Меѓународната заедница го осуди нападот.

Хуманитарните коридори кои беа воспоставени за ги извлечат цивилите од опколените градови не се реализираа во обемот како што беше планирано, поради континуираните борби.

СЗО на 9 март соопшти дека потврдила 18 напади врз медицински установи од почетокот на руската инвазија пред две недели. Од светската организација велат дека потврдиле и 10 смртни случаи во нападите врз здравствените установи и амбулантите од почетокот на борбите.

Read Previous

Мариупол ќе остане без храна за три до пет дена, предупредува украински пратеник

Read Next

Јовановски: Владата да преземе чекори за олеснување на инвестициите на приватниот сектор за фотоволтаици