ноември 23, 2024

Шест американски држави на мета на кинеска хакерска група

Најмалку шест американски држави биле мета на хакери од Кина кои за нападите ги користиле пропустите и слабостите на веб-програмите, соопшти компанијата за кибер безбедност „Мандиант“.

Според извештајот на „Мандиант“, станува збор за опсежна кампања спроведена од кинеската хакерска група „APT41“.

Од мај минатата година со февруари годинава групата успеала да компромитира најмалку шест државни владини мрежи преку искористување на слабостите на интернет-програмите.

Целите на спроведените напади како и хакираните податоци, според „Мандиант“ укажуваат дека се работи за шпиунски операции, но имајќи ја предвид „историјата на групата“ не ја исклучуваат можноста нападите да биле мотивирани заради стекнување материјална корист.

Read Previous

Променливо облачно и студено со засилен ветер

Read Next

Се укинуваат ковид – сертификатите за влез во трговските центри и за излез од државата