ноември 22, 2024

Бугарија ќе побара исклучок од санкциите кон Русија за увоз на нафта и гас

Бугарија, која ги поддржува санкциите против Русија како средство за запирање на руската инвазија на Украина, најверојатно ќе бара исклучок од забраната за увоз на руски природен гас и нафта доколку се даде таков предлог. Ова за Ројтерс го изјави бугарскиот премиер Кирил Петков, пренесоа бугарските медиуми.

Како што јавува дописникот на МИА од Софија Петков појаснил дека Бугарија ќе ги поддржи сите видови мерки бидејќи е против војната, освен двете мерки за увоз на нафта и гас оти во моментов нема алтернативи и земјата е премногу зависна.

„Ние целосно го поддржуваме украинскиот народ, го поддржавме првиот пакет санкции, отворени сме и за други санкции, само овие две санкции би било тешко да се прифатат, и како економија и како земја“, додаде Петков.

Read Previous

Грвала: нема сигнали за загрозеност на Косово, но треба да се биде подготвен

Read Next

МОН: Одборот за евалуација на високото образование е гарант за понудата на поквалитетни, атрактивни студиски програми