Пентагон верува дека рускиот претседател Владимир Путин се обидува да регрутира странски борци за војната против Украина, изјави портпаролот Џон Кирби за Си-Ен-Ен.
– Имаме индикации дека кои ја потврдуваат приказната дека тие всушност се обидуваат да ангажираат и регрутираат странски борци. Мислиме дека Путин смета дека е неопходно затоа што неговиот напредок во северна Украина со 150.000 војници е запрен, додаде Кирби, осврнувајќи се на сторијата за регрутирање на Сиријци што ја објави Вол Стрит Џурнал.