ноември 23, 2024

Русија бомбардира украински градови, падобранци се спуштија во Харков

Руските сили продолжија со бомбардирање на украински населени центри, а падобранци се спуштија во вториот најголем град во Украина Харков.

Руската војна против Украина влезе во седмиот ден, но ниту еден голем град во Украина досега не падна. Експертите предупредуваат дека се чини оти Москва се врти кон разорно гранатирање на областите пред да влезе од нив, додека Меѓународниот суд на правдата соопшти дека планира истрага за можни воени злосторства извршени од страна на руските сили.

Се чини дека најжестоки бомбардирања се насочени кон Харков, во североисточна Украина, каде што загинаа десетици жители. Регионалниот гувернер Олег Синегубов утринава рече дека најмалку 21 лица загинале, а најмалку 112 се ранети во гранатирањата во изминатите 24 часа.

Руските сили исто така продолжија да се распоредуваат околу главниот град Киев, каде што во ракетен напад беше погодена телевизиската кула.

Најмалку пет луѓе загинаа во ракетните напади во Киев и околината вчера вечер.

Огромниот руски конвој со артилерија и оклопни возила, долг скоро 65 километри, продолжува да се распоредува околу Киев. Украинските власти сметаат дека се работи за обид за преземање на контролата врз најголемиот град во земјата.

Read Previous

Телефонски разговор Османи Ескобар

Read Next

Спречен атентат врз Зеленски, требало да ја изврши група на чеченски специјални борци