ноември 22, 2024

Декларацијата за поддршка на територијалниот интегритет на Украина пред Комисијата за надворешна политика

Во Собранието денеска седници ќе одржат Комисијата за надворешна политика, Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство и Законодавно-правната комисија.

Предлог Декларацијата на Собранието за осуда на политиките кои го доведуваат во прашање постоењето на европските држави и поддршка на територијалниот интегритет и суверенитет на Украина е на дневен ред на Комисијата за надворешна политика.

Членовите на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе расправаат по Предлог законот за изменување на Законот за тутун, производи од тутун и сродни производи, по скратена постапка. На дневен ред на Законодавно-правната комисија се Предлог законот за изменување на Законот за тутун, производи од тутун и сродни производи, по скратена постапка, Барањето за давање на автентично толкување на член 85 став 1 од Закон за административни службеници („Службен весник на РМ” бр.27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16, 11/18 и „Службен весник на РСМ” бр.275/19, 14/20 и 215/21) и член 2 од Закон за минимална плата во Република Северна Македонија („Службен весник на РМ” бр.11/12, 30/14, 180/14, 81/15, 129/15, 132/17, 140/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија ” бр.124/19 и 239/19), поднесено од градоначалникот на Општина Богданци, Барањето за давање на автентично толкување на член 38 од Законот за локална самоуправа (Службен весник на РМ бр.05/02), поднесено од градоначалникот на Општина Свети Николе и Барањето за давање на автентично толкување на член 244 ставови (1) и (3) од Законот за кривичната постапка („Службен весник на Република Македонија” број 150/10, 100/12, 142/16 и 198/18), поднесено од пратеничката Ане Лашкоска.

Read Previous

Собранието ќе ја одржи 64. седница

Read Next

Скопје без одлагање да ги почне преговорите, создадени услови за забрзување на процесот на наоѓање решенија со Софија