ноември 23, 2024

Зеленски побара ЕУ веднаш да и даде членство на Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, чија земја се соочува со масовна неиспровоцирана инвазија од соседна Русија, ја повика Европската унија веднаш да и даде членство на Украина по посебна процедура.

„Нашата цел е да бидеме со сите Европејци и што е најважно, да бидеме еднакви. Сигурен сум дека тоа е фер. Сигурен сум дека го заслужуваме тоа“, рече тој во видео говор споделен на социјалните мрежи.

„Европејците се сведоци како нашите војници се борат не само за нашата земја, туку и за цела Европа, за мирот, за мирот за сите, за сите земји од Европската унија“, рече Зеленски.

„Украинците му покажаа на светот кои сме ние, додека Русија покажа во што се претвори… Секое злосторство, секое гранатирање од страна на окупаторот само повеќе не обединува“, додаде Зеленски.

Read Previous

Македонските државјани се евакуираат од Украина преку безбедни коридори

Read Next

Зеленски до руските војници: Оставете го оружјето и заминете одовде, спасете ги вашите животи!