мај 15, 2024

Мицкоски: Владата како да се плаши од Делчев

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вели дека досега не добиле сериозна понуда за вклучување во преговорите со Бугарија, а тој е подготвен да разговара за секое прашање, но само ако постои заедничка согласност за зачувување на македонските идентитетски линии.

Досега немало сериозна понуда од власта за вклучување на опозицијата во преговорите со Бугарија. Ниту пак Владата најде за потребно да информира за содржината на разговорите. Дополнително главните информации се добиваат од медиумите што говори за две работи, или несериозно се пристапува кон вака еден сериозен процес, или владата крие нешто од јавноста што е штетно за државата. Содржината на разговорите и одговорите на прашалникот ‘пет плус еден’ од неразбирливи причини е тајна, а нашите информации говорат дека со него сериозно се нарушува идентитетската линија која мора да се сочува. Дополнително, Владата како да се плаши од Делчев и на тој неразбирлив начин сака да се додвори на источниот сосед, на сопствена штета. Јас сум подготвен да разговарам за секое прашање, но само доколку сите заеднички се согласиме дека мора да ги зачуваме нашите идентитетски линии и стратешки интереси“, изјави Мицкоски за ДВ.

Read Previous

Професор Давитковски: Владата потклекна под притисок на синдикатите, требаше во пакет сите работници да ги земе

Read Next

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски преговара за Гоце Делчев, затоа не прифаќа Декларација, СДСМ возвраќа: Грижете се за Ќосето и Ванчо Михајлов