ноември 23, 2024

Минималната плата во Луксембург е 2257 евра, кај нас се преговара за 300 евра

Месечната минимална заработка, која е регулирана со закон, во јануари во 13 од 21 држава членка на Европската Унија била под 1.000 евра, покажуваат податоците на Еуростат. Минималната заработка во две држави била нешто поголема од 1.000 евра, а во шест изнесувала над 1.500, а разликата меѓу најниската и највисоката во ЕУ е поголема од седум пати.

Според податоците на Еуростат, најниска минимална заработка имаат Бугарите со 332 евра, а највисока Луксембуржаните со 2.257 евра.

По Бугарија, најниски минимални заработки имаат граѓаните на Летонија со 500 евра, Романија со 515 евра, Унгарија со 542 евра, Хрватска со 624 евра, Словачка со 646 евра, Чешка со 652 евра, Естонија со 654, Полска со 655, Литванија со 730, Грција со 744 евра, Малта со 792 и Португалија со 823 евра. Нешто повеќе од 1.000 евра имаат Словенија со 1.070 евра и Шпанија со 1.130 евра. Поголема минимална заработка од 1.500 евра имаат Франција со 1.600, Германија со 1.620, Белгија со 1.660, Холандија со 1.730, Ирска со 1.780 и Луксембург со 2.257 евра.

Резултатите се нешто поинакви кога минималната заработка се мери според паритетот на куповната моќ, но и со тој критериум Бугарија и понатаму има најмал минималец од 604 евра, а Луксембург 1.170, па разликата е нешто помала од три пати.

Минималната заработка во Хрватска според паритетот на куповната моќ изнесува нешто помалку од 900 евра, а зад неа се Грција, Унгарија, Чешка, Естонија, Словачка, Летонија и Бугарија.

Од земјите кои имаат минимална заработка помала од 1.000 евра според паритетот на куповната моќ уште се Малта, Португалија и Романија.

Останатите осум земји имаат до 1.500 евра, Германија има нешто повеќе од 1.500.

Законски пропишана минимална заработка немаат шест земји, туку таа се одредува со колективни договори, а тоа се Данска, Италија, Кипар, Австрија, Финска и Шведска.

Како што е познато кај нас синдикатите и Владата преговараат за минималната плата да се покачи на 18.000 денари, или 300 евра.

Read Previous

Јаневски: Потребно е авионско поврзување Охрид-Белград

Read Next

Благо намалување на бројот на новоинфицирани од Ковид-19, остануваат истите мерки