ноември 22, 2024

Владата ќе набавува 500.000 вакцини против Ковид 19, 10.000 дози се наменети за деца од 5 до 12 години!?

Владата на синоќешната седница ја усвои информацијата за набавка на вакцини против КОВИД-19 за 2022 година, според која е утврдена потребата од набавка на 500.000 дози на мРНА (мРНК) вакцини од производителот Фајзер (Pfizer), во кои треба ќе бидат вклучени и педијатриските дози во количина од 1% од вкупниот број деца во Република Северна Македонија на возраст од 5 до 12 години, односно околу 10.000 дози.

Согласно информацијата дозите за возрасните да почнат да се испорачуваат од месец мај, а педијатриските дози во првото тромесечје на 2022 година, а вкупната количина треба да се испорача до декември 2022 година.

Набавката на оваа количина вакцини против КОВИД-19 за 2022 година е заради заштита на јавното здравје и за рестартирање на економијата како јавен интерес.

Read Previous

Заев ќе се повлече по новогодишното обраќање на Стево Пендаровски во Собранието?!

Read Next

Четири месеци условна затворска казна за недолични коментари за несреќата со автобусот на „Беса Транс“