Уставниот суд на Словенија ја прогласи за неуставна одлуката на словенечката влада дека во службените простории на државната администрација можат да работат само вакцинирани лица и оние кои се заразиле со ковид-19 и на тој начин стекнале имунитет.
Владата на Јанез Јанша кон средината на септември годинава донесе одлука државните службеници да доаѓаат на работа само доколку се вакцинирани или прележале ковид-19, но таа не стапи на сила, бидејќи синдикатите на вработените побараа од Уставниот суд да ја провери уставноста.