ноември 23, 2024

Помош за градови во Канада што се отсечени поради поплавите

Хеликоптери доставуваат храна до луѓе во градовите отсечени поради големите поплави и лизгање на земјиштето во канадската провинција Британска Колумбија  додека некои региони се подготвуваат за повеќе врнежи во следните неколку дена.

Одрони уништија патишта и мостови и го прекинаа пристапот до најголемото пристаниште во земјата во Ванкувер, нарушувајќи ги глобалните синџири на снабдување кои веќе се борат со проблемите предизвикани од Ковид-19.

Канадската провинција Британска Колумбија денеска најверојатно ќе воведе вонредна состојба за да помогне во санирањето на штетите предизвикани од големите поплави.

Одроните предизвикани од поројните дождови уништија неколку главни патишта и загина едно лице. 

За два дена во Британска Колумбија наврна дожд колку и обично во тек на цел месец.

Read Previous

КЗБ предлага задолжително најмалку една вакцина или ПЦР тест за вработените во јавниот сектор, синдикатите против идејата

Read Next

Полскиот претседател Анджеј Дуда во посета на Северна Македонија