Ја превземам одговорноста од резултатите на овие избори и поднесувам оставка од премиер и од претседател на СДСМ, изјави вечерва лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
– Им честитам на сите градоначалници. Сакам да споделам разочараност кај мене и кај народот. На овие избори видовме сојузи на жртви и насилници од 27 април. Се здружија без било каков образ за глас и пари – рече Заев.
Ја преземам одговорноста за лошите резултати за сите. И во вакви околности останувам на ставот дека не треба да има вонредни парламентарни избори, додаде лидерот на СДСМ.