ноември 23, 2024

Жител на Мислешево починал по пад од трактор

Четириесет и шест годишен жител на струшкото село Мислешево го загубил животот при пад од трактор, извршувјќи земјоделски работи, соопшти денеска СВР Охрид.

Потрпаролот Стефан Димоски информира дека се работи за Б.М. (46), кој починал на нива во местото „Градарица“.

– Во одделението за внатршни работи Струга, вчера околу 13 часот, од Итната медицинска помош, пријавено е дека примиле повик за повредено лице на нива во месноста „Градарица“, атар на струшкото село Мислешево и дека по излегување на местото, медицинската екипа констатирала смрт. Од извршениот увид предводен од јавен обвинител, констатирано е дека се работи за Б.М.(46) од селото Мислешево, кој починал при управување трактор, изјави Димоски.

Read Previous

Филипче: Воведовме нов метод за лекување на пациенти со мозочно крвавење

Read Next

Без проблеми минува гласањето на болните, немоќните, лицата со Ковид-19 и затворениците