ноември 21, 2024

Протест на хрватските здравствени работници против потврдите за ковид

Утрово, пред Клиничкиот болнички центар во Загреб се собраа околу 30 вработени кои немаат потврда за ковид, што им треба од денес за да влезат на работното место. Тие не сакаат ни да бидат тестирани за ковид.

Најчесто се работи за медицински сестри и техничари, меѓу собраните нема лекари, пренесува порталот „Индекс“.

Не дозволија министерот за здравство, Вили Берош, да им се обрати на новинарите пред болничката зграда, па се обрати до зградата на КБЦ.

Од денес, Хрватска бара од сите вработени во здравствениот систем и институциите за социјална заштита да покажат пасош за Ковид-19, како и посетители и придружни пациенти.

Read Previous

РКЕ со нова одлука, ќе има ли промена во цената на горивата?

Read Next

Пендаровски за „Њузбомб“: Отвораме уште еден канал на комуникација и соработка со Грција