October 22, 2026

Досега пријавени повеќе од 55.000 граѓани за вакцинација против сезонски грип – над 60% од нив се лица постари од 65 години

Министерот за здравство Сашо Клековски вчера ја прими вакцината против сезонски грип во Институтот за јавно здравје, од каде што започна и вакцинацијата на сите пунктови низ државата.

Тој посочи дека вакцинацијата е најдобра заштита од грипот, бидејќи го намалува ризикот од потешки форми на болеста, компликации и смртни исходи, особено кај лицата од ризичните групи.

Од 14 октомври досега за вакцинација се пријавиле 55.535 граѓани, од кои повеќе од 60 отсто се постари од 65 години. 

Бесплатната вакцина е наменета за лица над 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени и деца на возраст од шест месеци до пет години. Лицата што припаѓаат на ризичните групи, а сè уште не се пријавиле, се повикуваат да го направат тоа што поскоро.

Read Previous

На Ива Михаилова ќе и се суди во отсуство, извести Обвинителството

Read Next

Сараево домаќин на меѓународен саем за туризам, со повеќе од 200 претставници од осум земји