October 19, 2026

Новиот оператор ќе ја користи мрежата на „Старлинк“

Новиот мобилен оператор во Македонија, „4iG“, ќе ја користи сателитската мрежа „Старлинк“ на Илон Маск, најави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во емисијата „360 степени“ на МРТ 1.

Според Николоски, Македонија и Црна Гора ќе бидат меѓу првите земји каде што директно ќе се применува оваа технологија. По завршувањето на тестирањата, операторот планира да премине на сателитската мрежа.

Согласно договорот, „4iG“ до март 2027 година треба да обезбеди покриеност во Скопје, а до крајот на годината и низ целата држава.

Николоски очекува влезот на третиот мобилен оператор да донесе поголема конкуренција и драстично намалување на цените на телекомуникациските услуги.

Read Previous

Собранието на РСМ ја продолжи кризната состојба за нафтата за уште шест месеци