October 17, 2026

Во Брвеница утре се избира градоначалник, денеска гласаат болните и изнемоштените

Жителите на Општина Брвеница утре ќе гласаат на предвремените локални избори за избор на градоначалник, а денеска своето избирачко право го остваруваат болните и изнемоштените лица.

Според податоците на Државната изборна комисија (ДИК), денеска треба да гласаат 88 болни и изнемоштени лица.

Во Избирачкиот список за десетте населени места во општината се запишани вкупно 16.256 избирачи. Од нив, 449 се на привремена работа во странство, додека девет лица се наоѓаат во затвор или во притвор.

Избирачките места утре ќе бидат отворени од 7 до 19 часот.

©Makfax.com.mk

Read Previous

Нема поскапување на цената на струјата до крајот на годината

Read Next

Дваесеттина повредени во синоќешните протести во Тирана