Претседателот на Големото народно собрание на Турција, Нуман Куртулмуш, во Рим се сретна со претседателот на Собранието на Северна Македонија, Африм Гаши.
На средбата, одржана во рамките на Европската конференција на претседатели на парламенти во Претставничкиот дом на Италија, Куртулмуш истакна дека односите меѓу двете земји се на одлично ниво и нагласи дека турската заедница во Северна Македонија претставува силна врска меѓу двете земји.
Посочувајќи дека Турција, како и во случајот со сите балкански земји, не ги одвојува безбедноста и стабилноста на Северна Македонија од сопствените, Куртулмуш истакна дека Турција и во иднина ќе продолжи да ја поддржува Северна Македонија преку сите свои институции, како што тоа го правела и досега.
На средбата присуствуваа и генералниот секретар на Групата за парламентарно пријателство Турција-Италија и пратеник на Партијата на правдата и развојот (АК партија) од Истанбул, Јахја Челик, членката на турската делегација во Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) и пратеничка на Партијата на национално движење (МХП) од Чанкери, Пелин Јилик, членот на Групата за парламентарно пријателство Турција-Италија и пратеник на Добрата партија (ИЈИ партија) од Истанбул, Бурак Акбурак, како и амбасадорката на Турција во Рим, Елиф Чомоглу Улген.

