September 11, 2026

„Ласкарци“ се враќа на повторно судење – казните повторно ќе се разгледуваат по одлуката на Врховен суд

Врховниот суд ја укина одлуката на Апелациониот суд во Скопје за трагичната автобуска несреќа во Ласкарци и го врати случајот на повторно разгледување и донесување нова одлука.

Одлуката на Апелациониот суд, од април 2025 година, ги зголеми казните за некои од обвинетите. Сопственикот на „Дурмо Турс“, Дурмиш Белули, од 4 беше осуден на 10 години затвор, додека одговорниот за транспорт, Ремзи Мифтар, од 6 на 10 години.

Двајцата вработени во техничкиот преглед, Игор Ѓорѓиевски и Горан Дуковски, добија по 7 години, додека казните за Јане Боваровски и возачот Маноил Трифуновски останаа 5 и 14 години.

Несреќата се случи на 13 февруари 2019 година. Автобусот излетал од автопатот во близина на Ласкарца, при што загинаа 16 лица, а 38 беа повредени.

Read Previous

Опожарени над 20 дуќани со текстилна и друга роба во Шуто Оризари

Read Next

Превозниците нема да ги блокираат границите, ќе се бара решение со ЕУ